Головкин го победи Брук (ВИДЕО)

golovkin-bruk-borba

Кел Брук (36-1, 25 KO) повеќе од достојно се претстави синоќа во Лондон против Генади Головкин (36-0, 33 KO). Сепак, телото на Брук не ги издржа тешките удари на Головкин кој по 17 пат ја одбрани титулата во средна категорија во верзиите на ВБЦ, ИБО и ИБФ, а ВБА не бше влог во овој меч. Но, максимално го изнамачи противникот, задавајќи му различни удари и избегнуваше некои од убиствено удари на шампионот.

За жал, едно лево кроше му нанесе сериозна повреда околу окото на „Спешл К“, а последователните удари во телото дополнително го истоштија.

Кон средината на петата рунда Головкин го опсипа противник со удари, а го притисна и кон јажињата. „ГГГ“ продолжи да задава тешки удари, додека тренерот на Брук, Дом Ингл беше принуден да ја фрли крпата во рингот за да го прекине мечот.

По средбата Головкин го предизвика Били Џо Сандерс, кој оваа година избегна средба со него, што беше причина за организирање на меч со Брук.

https://youtu.be/ZXI-BXN0Oq0

https://youtu.be/-vojY-ZszfQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО