Ригондо: Како се приближува денот на борбата со Ломаченко, се ми е појасно зошто станав боксер (ВИДЕО)

Гилермо Ригондо (17-0-1 НЦ, 11 КО) се подготвува за пресметка со двократниот олимписки победник Васил Ломаченко.

37-годишниот Кубанец ја подига тежина на 9 декември во Њујорк да го предизвика шампионот на ВБО во суперперолесна категорија.

„Што повеќе се приближува денот на борбата со Ломаченко се појасно ми е зошто станав боксер. Отсекогаш беше многу важно да докажам за да бидеш најдобар во нешто не мора да бидете ниту најголеми нииту најсилни, само најпаметен“, напиша Шакалот на Фејсбук.

„На 9 декември ќе покажам се што работевме во Мундо боксинг за оваа борба и се што научив во текот на моите години во боксот“, додаде ВБА шампионот во супербантам.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО