Реваншот Стипе Миочиќ – Френсис Нгану во март

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт откри дека организацијата работи на реванш мечот меѓу шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ и Фрeнсис Нгану. Организацијата сака по втор пат да ги соочи во март 2021 година.

Првата битка меѓу нив ја видовме во јануари 2018 година во Бостон. Тогаш Стипе со одлука на судиите ја одбрани титулата. Миочиќ збесна, затоа што Дана Вајт потроши повеќе пари за да го рекламира опасниот нокаутер од Камерун.

38-годишниот шампион има учинок 20-3 во ММА и во август годинава ја одбрани титулата со одлука на судиите против Даниел Кормиер. Стипе е во серија од две победи и има добиено 8 од последните 9 борби во УФЦ.

Од друга страна, 34-годишниот Камерунец значително се подобри по поразот од Миочиќ. Френсис е во серија од четири последователни победи со нокаут во првата рунда, а последен пат, во мај, го нокаутира Розенструик за 20 секунди.

Предаторот е категоричен дека ќе му се реваншира во втората битка, но Миочиќ веќе го знае рецептот за победа над Нгану и нема да биде лесно.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО