Реваншот меѓу Ковалев и Ворд е факт, се среќаваат во јуни

Реваншот меѓу Андре Ворд и Сергеј Ковалев веќе е факт.

Повторно ќе се сретнат на 17 јуни во Лас Вегас, а Андре Ворд ќе ги брани светските титули во лесно-тешка категорија во верзиите на ВБА, ВБО и ИБФ.

Веста ја потврди самиот ворд на социјалните мрежи, истакнувајќи дека „навивачите го добиле она што го сакале“.

Дуелот доаѓа молскавично по првиот меч меѓу Ворд и Ковалев во кој судиите со многу контроверзи победата му ја доделија на Американецот, иако многумина не се согласија со таквата разврска.

Тоа беше и првиот пораз во професионалната кариера на Сергеј Ковалев – Крушер.

По средбата Андре Ворд дури размислуваше за повлекување од боксот, признавајќи дека единствено реваншот против Ковалев е интересен за него.

Дел од борбената карта ќе биде и средбата меѓу Гилермо Ригондо и Моисес Флорес.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON