Реваншот меѓу Волкановски и Топурија ќе се случи летово во Австралија?

Австралија повторно ќе има одличен настан во УФЦ. Компанијата со која претседава Дана Вајт објави дека Перт, град на западот на земјата, ќе биде домаќин на УФЦ 305 настанот, и тоа на 18 август.

Се шпекулира дека таму може да има битка за титулата во средна категорија помеѓу Плесис и Адесања, а не може да се исклучи ниту мега спектакл во кој големиот локален идол Александар Волкановски би имал реванш со Илија Топурија во перолесна категорија.

Во нормални услови, звучи нереално реваншот да се одржи во „домот“ на предизвикувачот. Шампионот Топурија побара следната борба да му биде во Шпанија, но годинава тоа е тешко остварливо.

Логиката вели дека Топурија треба повторно да се бори во 2024. УФЦ 305 во Перт е можност и може да биде голем предизвик за грузискиот Шпанец.

Да се победи Волкановски во неговата Австралија, би го зацврстило статусот на Топурија како голем шампион. Тоа го направи Ислам Махачев, кој отпатува за Перт и таму го победи борецот со македонско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО