Борачите на БК Скопје кои настапуваат во Франција под раководство на тренерот Хамди Адили на Државното првенство на Франција во грчко-римски стил освоија две шампионски титули и едно трето место.
Ресул Адиловски во категоријата до 50 килограми во јуниорска конкуренција стана шампион на Франција, како и кадетот Омер Адиловски во категоријата до 69 кг, додека Бујар Цури (-50 кг) до 15 години го освои бронзениот медал.
Ова е убав успех на нашиот стручњак и неговите ученици, а за две недели ќе имаат шанса да ги покажат своите квалитети и во слободен стил на Државното првенство на Франција.
ipon.mk/В.Д.