Репрезентацијата подготвена за Европското првенство, потајна надеж за медал (ФОТО)

Македонските борачи се вратија од подготовките во Тетевен, Бугарија, и се подготвуваат за пат на Европското првенство во борење во Нови Сад-Србија, од 2 до 7 мај.

Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Владимир Егоров, Елмедин Сејфулау, Бобан Савев и Могамергаџи Нуров. Тренер е Љуљзим Вренези, а со нив ќе биде и спортскиот директор Страшо Глигоров. Нуров на репрезентацијата ќе и се придружи во Нови Сад.

„По неколку месечна макотрпна работа на Федерацијата и подготовките на екипата, подготвени сме за настап на Европското првенство за сениори кое започнува во вторник. Им се заблагодаруваме од се срце на Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт, кои како две спортски институции безрезервоне подржаа во овој период, Се надеваме дека од Нови Сад ќе ве израдуваме со позитивни резултати на нашите борачи, зошто да не и медал“, велат на Фејсбук Бетим Вренези – претседател на ФБСМ и Дејан Богданов – потпретседател и спортскиот директор Страшо Глигоров.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО