Репрезентативците од Бутел освија 4 медали на Балканското таеквондо првенство, Георгиевска првот злато кај сениорките

Репрезентативците на Македонија од Таеквондо клубот Бутел освоија 4 медали на Балканското првенство,Самоков, Бугарија, од кои 1златен, два сребрени и 1 бронзен.

Анамарија Георгиевска го освои златниот медал, што е прво злато за Македонија во женска конкуренција за сениори на Балканските шампионати. Георгиевска медалот го освои во категоријата до -67кг со две победи над претсавничките на Турција и Босна и Херцеговина.

Марко Стевиќ (+87кг) со две победи над натпреварувачите од Србија и БиХ, и многу тесен пораз во финалето од репрезентативецот на Турција со 18-16 го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција.

Второто сребро е за Андреј Василевски во пионерска конкуренција, при што имаше две победи над претставниците на Бугарија и Србија, а беше поразен во финалето од Бугарија.

Фросина Рајковска се закити со бронза во кадетска конкуренција .

„Сите натпреварувачи имаа добри настапи, за тоа им честитаме. На ова Балканско првенство. Заради повреди на шампионатот не допатуваа неколкукратните балкански шампиони Дејан Георгиевски и Филип Додевски“, велат од Бутел.
Ipon.mk

…..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО