Прваците во тешка и полутешка категорија ги одбранија титулите на КСВ во Лондон (ВИДЕО)

Филип Де Фрис (18-6-1НЦ) на домашен терен во Лондон по трет пат ја одбрани титулата шампион во тешка категорија на КСВ.

33-годишниот Англичанец го совлада со поделена одлука на судиите Бразилецот Луис Енрике (12-6-1НЦ) во не толку возбудлив меч, заменувајќи го првично најавениот Дамјан Грабвски.

Томаш Наркун (17-3) со гилотина пред крајот на првата рунда против Пржемислав Мисајел (23-10-1) ја одбрани титулата во полутешка категорија по четврти пат.

29-годишниот Полјак го освои ременот во октомври 2015 година, победувајќи го во реваншот Горан Релиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=qkokS0uEV04
https://www.youtube.com/watch?v=jkTUIAOEEkw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО