Единствениот македонски борач на Светското првенство за кадети во Грузија нема да настапи.
„Поради изненадното заболување и повишена телесна температура, решивме, кадетот Рамазан Гаџиханов да го одјавиме од учеството на Светското првенство во Тбилиси, Грузија, затоа што ни е поважно здравјето и стабилноста на македонскиот шампион“, соопшти тренерот на Вардар и на Гаџиханов, Љубиша Пешко и додаде дека има време и можност и следната година да учествува на првенствата за кадети.
Ipon.mk/В. Д.