Македонските карате репрезентативци, членови на KK Макпетрол, во моментов започнаа да ги реализираат еднонеделните подготовките, кои се зацртани со планот и програмата на клубот за учество на Европското сениорско првенство, кое ќе се одржи 8-12 мај во Задар, Хрватска.
По проценката на главниот стратег на клубот, Бошко Заборски, овие подготовки се потребни за да се темпира правилно спортската форма кај сите репрезентативци, непосредно пред заминување на Европското сениорско првенство во Задар.
„Карате клубот Макпетрол е носечкиот клуб во сениорска конкуренција, кои во составот има искусни прекалени и квалитетни спортисти, а воедно, тие ќе бидат и најбројни на ова ЕП. На ЕП ќе имаме осум спортисти од клубот, па затоа и одговорноста за успешни резултатски постигнувања кај нас е огромна. Нема да оставиме ништо на случајноста, бидејќи нашиот пристап и однос кон спортот е професионален. Затоа, најстручно со најмодерна тренерска методологија ќе се подготвиме и ќе направиме се што е потребно за да ги зголемиме шансите,за успешен настап на ова првенство. Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се :
1.Петар Заборски ( –75кг)
2.Петар Спасеновски(-84кг)
3.Данило Божовиќ (+84кг)
4.Симона Заборска (-55кг)
5.Ангела Мојсовска(-68кг)
За дисциплините екипно борби повикани се:
6.Викторија Јовановска,
7.Витомир Трајовски и
8.Стефан Стојановиќ.
Сите натпреварувачи кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.
Како спаринг партнери на подготовките во организација на Макпетрол, учествуваат и спортистите Димитар Лозановски, Јована Мицовска и Давид Петков“, изјави тренерот на Макпетрол д-р сц Бошко Заборски.