Андреа Нисева е на завршни подготвки за Европското првенство во Лутраки

Андреа Нисева со 4 победи, сите ги доби со технички туш 10-0, на вториот Изборен шампионат на Буграија во Стара Загора, обезбеди сигурен пласман на Европското првенство во У-15 во Лутраки, Грција, кое ќе се одржи од 15 до 20 мај.

Андреа Нисева е на завршни подготовки во Самоков, Бугарија, за Европското првенство во У-15 Лутраки, Грција, кое ќе се одржи од 15 до 20 мај.

Со неа се и тренерите Миро Гочев (поранешен борач на Балканец), Методи Сичков и Кире Нисев.

На подготовките со Нисева е и олимписката медалистка од Токио 2021 Евелина Николова (-59 кг) која има и европски и светски одличја и се бори за олимписка норма. Покрај Николова, Андреа спарингува и со Лаура Херин Авила (-53 кг) од Куба, која во Истанбул ќе се бори за олимписка норма. Тоа е неповторливо искуство за Андреа.

Борачката на Олимпија од Штип ќе учествува ЕП за репрезентацијата на Бугарија.

Да потсетиме, Нисева со 4 победи, сите со технички туш 10-0, триумфираше на вториот Изборен шампионат на Буграија во Стара Загора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО