Ренато Мојкано: Битката со Чен Сунг Јунг ќе биде борба на вечерта

Овој викенд Ренато Мојкано ќе се бори против Чан Сунг Јунг во главната борба на вечерта на УФЦ 154 Фајт најт, кој ќе се одржи во Гринвил. И двајцата доаѓаат по загубени мечеви и ќе дадат се од себе да си заминат со победа. Ренато верува дека нивната битката ќе биде брутална и ќе заработат бонус за „борба на вечерта“.

„Тој е тежок противник. Не стои добро на ранг листата, затоа што не се бореше во последните неколку години. Јас секогаш сум велел на УФЦ дека сакам да се борам со најдобрите и мислам дека борбата против него ќе ми донесе слава. Секој знаат за „Корејското зомби“.

Има агресивен стил и добар прекар. Верувам дека нашата битка е потенцијална борба на вечерта. Тоа е она што го сакам и мислам дека нашата битка може да биде и борба на годината. Сакам фановите да добијат шоу. Подготвен сум да го завршам и да се вратам на патот на победите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON