Рекордни 1813 каратисти на Гран при Хрватска, меѓу кои има и многу од Македонија

Samobor detalj borbe

Во Самобор, на 16 и 17 јануари се одржа јубилејната 25-ти по ред Меѓународен карате турнир Гран при Хрватска.

На двата дена од турнирот во Самобор ќе настапат рекордни 1.813 каратисти од 202 клубова и националните селекции на 23 земји (Хрватска, Азербејџан, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Англија, Данска, Германија, Унгарија, Израел, Италија, Иран, Косово, Латвија, Луксембург, Македонија, Црна Гора, Холандија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија). Многу наши клубови ќе настапат на овој престижен турнир како: Фунакоши Гичин, Форца, Урбан инвест, Металург, Кочани…

На првиот ден ќе настапат вкупно 893 спортисти, а вториот ден 920.

Вкупната бројка на 1813 далеку ги надмина очекувањата на организаторите и претставува апсолутен рекорд. Минатогодишниот рекорд изнесуваше 1.690 членови на каратисти и каратистки од 23 земји.

Најдобрите во отворената (апсолутна) категорија ќе си  отидат дома со 2000 евра, второпласираниот со 500 евра и седум дена одмор во апартманите Фунда на Шолта, третото место со 500 евра, додека на четвртопласираниот ќе му припаднат 250 евра.

За прв пат ќе биде награден и најатрактивниот натпреварувач на завршниот дел од турнирот, кој ќе освои 500 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО