Реј Сефо и оддаде признание на Кро Кап, Бернардо, Аертс и Филјо: Ми беше чест да го делам К-1 рингот со Вас!

Легендарниот кикбоксер, а денес познат тренер, Реј Сефо, одлучи да им даде признание на некои од неговите легендарни соборци за време на врвот на неговата кариера – додека беше дел од елитниот К-1.

Сефо настапуваше на јапонските рингови кога промоцијата на кик бокс прмоцијата K-1 беше навистина на врвот, а таму се бореа најдобрите имиња на овој спорт. Новзеландецот со адреса во Лас Вегас во вторникот во својот официјален профил на Инстаграм се потсети на К-а Гран при од 2001 година. На тој настан тој се бореше против поеднакво легендарниот Марк Хант во еден од најдобрите мечеви спроема кикбоксинг правила воопшто. И победи!

Заедно со фотографијата од плакатот на кој се наоѓа и самиот, Сефо напиша:

„Беше голема чест да го делам К-1 рингот со сите на овој постер. Со Петeр Аертс, со Френсис Филјо, Мајк Бернард и Мирко Кро Кап. Тие беа некои од најдобрите кикбоксери во светот во тоа време“.

Потсетувамедека Реј Сефо во 2012 година во Загреб на Кро Кап фајнал фајт прв пат ги одмери силите со Филиповиќ. Тоа беше повртанички меч во кикбоксот на Филиповиќ во кој славеше на поени против колегата ветеран. Тоа воедно му беше и последниот меч во професионалната кариера.

https://www.instagram.com/p/BqrMlyAF-Rw/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО