Регионалната лига прераснува во Лига на државите од екс-Југославија?!

 

Утре во Белград ќе се одржи состанок на Регионалната бокс лига со претставниците и на националните федерации од поранешна Југославија. Боксерската федерација на Македонија (БФМ) ќе ја претставува потпретседателот Благој Донев.

На оваа средба ќе учествува и Илија Младеновски како член и потпретседател на РБЛ.

Главна тема на овие разговори е промена на форматот на натпреварувањето во РБЛ, односно од лига на клубови да премини во лига на држави. Во овој формат РБЛ ќе би била поинтересна за пазарот, па така  Арена спорт ги пренесувала сите мечеви.

Потоа од идната година да има и јуниорска РБЛ. Словенија официјално треба да биде примена во РБЛ.

На маса ќе биде ставена можноста за организирање на Балканско првенство за кое ќе треба да се побара согласност и од АИБА.

Националните федерации и РБЛ ќе услогласуваат календар за 2018 година за да нема совпаѓања на термините на РБЛ и поголемите турнири во регионот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON