Реџелари и Реџепи и помогнаа на Сигне Сторе од Норвешка да обезбеди олимписка норма (ВИДЕО)

Jasin i Hamdi so Signe vo Istanbul 2016

Норвешката борачка Сигне Сторе (-69 кг) која за квалификацискиот турнир во Истанбул за Олимписките игри во Рио, се подготвуваше во Скопје со помош на нашите борачи Јасин Реџелари и Ертан Реџепи се избори за олимписка норма. Таа се пласира во финалето во категоријата до 69 килограми, каде што се сретна со Украинката Алина Махинија а борбата заврши 0-0.

Signe od Norveska

Реџелари ја придружуваше и во Истанбул, каде и што направи фотографија по успехот, во придружба на нејзиниот тренер и нашиот стручњак Хамди Адили.

Сигне Сторе, која е најдобра борачка во Норвешка, е европски шампион, а два пати била трета и два пати 5-та на континенталните собири. Нејзин тренер  е Ќазим Реџепи.

Тие пред патот за Истанбул  изјави дека Скопје и е едно од најомилените места каде што сака да се подготвува, затоа што има одлични услови за подготовки во БК Лирија и дека е добро пречекана.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО