Оригиналниот план за УФЦ 196 беше Конор Мек Грегор да се сретне со Рафаел дош Ањош за титулата на УФЦ во лесна категорија, но тогаш Дош Ањош се повреди, а „The Notorious“ си „среди“ меч со Нејт Дијаз. Кој подоцна му го нанесе првиот пораз во УФЦ до овој момент.
Сега Ирецот тренира за реваншот со Дијаз, но Рафаел дош Ањош не крие дека се уште е заинтересиран за евентуален меч против него.
„Ако тој се соочи со мене, крајот ќе дојде дури и порано. Навистина ќе го повредам овој човек. Ако овој натпревар се случи, јас ќе бидам на линија. Ако од УФЦ сметаат дека тој заслужува шанса за титулата во лесна категорија, ќе му излезам во пресрет. Парите доаѓаат и си одат. А тоа ќе бидат лесни пари за мене“.