Разбиен картел за трговија со боксери

Полицијата во Шпанија се пофали дека разбила меѓународен картел, кој принудувал боксери да се борат против нивна волја на настани низ цела Европа.

Истрага, траела три месеци, при што се уапсени седум лица со шпанско државјанство.

Тие се обвинети за измама, фалсификување, закани и нанесување на телесни повреди.

Групата со седиште во индустрискиот град Тераса, северно од Барселона, користела поранешен боксер од Никарагва со прекар „Ел Трибле“, кој воспоставувал контакт и ги привлекувал жртвите.

Следниот чекор е промотерска компанија да ги поканува боксерите во Шпанија, за да учествуваат во мечеви. Пристигнувајќи таму предметните боксери биле приведени во куќа која била „преполна и со нездрави услови“, посочуваат од властите.

„Ако не ги исполнувале наредбите, членови на групата им ги удирале и им се заканувале на нивните семејства во Никарагва“, дополнуваат од полицијата.

Парите заработени од спроведените натпревари, оделе директно на сметката на картелот.

Од полицијата додаваат дека се ослободени вкупно 19 „жртви“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО