Рампејџ Џексон сака да боксира против Шенон Бригс

Квинтон Рампејџ Џексон (44) во текот на кариерата настапуваше во Прајд, УФЦ, Белатор и други промоции, а неговата последна борба беше во декември кога загуби од Федор Емелијаненко со прекин во првата рунда.

Американскиот борец се уште нема намера да се пензионира, а во едно неодамнешно интервју откри дека сака да ја продолжи својата борбена кариера.

„Не, уште не сум готов. Не сум задоволен од настапот во последната борба, не можам така да ги оставам навивачите. Сакам да им подарам нешто посебно по кое ќе ме паметат“, рече Рампејџ Џексон и подвлече:

„Разговарав со Шенон Бригс и борбата ја договараме речиси една година. Сакам да се занимавам со бокс пред пензија, можеби ММА, но прво би сакал да боксирам. Имам 44 години, ме болат колената од борење, а во ММА многу луѓе сакаат да те соборат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО