Канело Алварез го избра својот фаворит во потенцијалниот меч меѓу Усик и Фјури

Додека преговорите за мечот на шампионатот во тешка категорија на Тајсон Фјури против Aлександр Усик се уште се во рана фаза, има многу луѓе кои го изразуваат своето мислење пред нивниот потенцијален судир.

Се приклучи и мексиканската ѕвезда Канело Алварез кој му даде предност на Кралот на Ромите на тој меч.

По неодамнешната победа на Усик против Џошуа интересот за меч за обединување на титулите расте од ден на ден.

Во едно неодамнешно интервју, Канело го пофали последниот настап на Џошуа и покрај бледата ноќ на Британецот.

„Изгледаше добро, но Усик се покажа како голем борец. Тој е одличен, а во рингот ја покажа разликата“, изјави Канело Алварез и верува дека Украинецот ќе биде во речиси невозможна мисија во евентуална борба против Фјури:

„Не знам како може да има триумф, но ќе биде добар меч. Мислам дека Фјури ќе победи бидејќи има се, боксерски вештини, тежина и е поголем од Усик“.

На прашањето дали се уште е заинтересиран да се бори со Усик, Алварез одговори во свој стил.

„Би било тешко, но не ми е гајле. Сакам таков предизвик. Но, сакам и бокс, секогаш сакам да се најдам во тешка ситуација“, подвлече Канело Алварез.

Мексиканецот во мај загуби од Дмитри Бивол, а следниот месец повторно ќе влезе во рингот. Канело ќе боксира против Генади Головкин на 17 септември во Лас Вегас.

Досега се бореа двапати. Нивниот прв меч во септември 2017 година заврши нерешено, а една година подоцна Канело победи со мнозинска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО