Рамадани, Илиоски и Божиноска обезбедија бронзи на Европското кик бокс првенство!

Hadis Ramadani na EP vo San Sebastijan 2015

Македонските кикбоксери вчера имаа одличен настап на Европското првенство за кадети и јуниори во Сан Себастијан, Шпанија, односно три победи во четвртфиналето во три настапи, а денес се борат за финале.

Хадис Рамадани, Бобан Илиоски и Марија Божиноска ги совлдаат своите противници и во најмала рака обезбедија бронзени медали, така што уште сега е надминат минатогодишниот успех од две бронзи.

 Хадис Рамадани ја отвори поденосната серија на нашите натпреварувачи во категоријата до 67 кг во  лоу кик, кој го совлада Италијанецот Стефано Канцели со 2:1. Средабата изобилувала со размена на голем број на рачни и ножни удари на задоволство на сите во стручниот штаб.

Boban Ilioski na EP 2015 san

Бобан Илиоски (-71 кг- лоу кик)  го победи  рускиот претставник Назар Пивнев со 3:0. Илиоски во неговиот препознатлив стил во сите три рунди демонстрираше техничка и со физичка супериорност.

Марија Бозиноска ( +70 кг – кик лајт) беше подобра од Карен Галац од Хрватска и победата ја извојува со прекин.

„Поради големата разлика во  квалитет, Галац направи недозволени движења, по што борбата беше прекината од страна на судијата“, истакнуваат од нашиот тим.

Marija Bozinoska ep san sebastijan 2015

Тројцата денес ќе се борат за влез во финалето. Хадис  Рамадани ќе се сретне со Полјакот Дамиен Пискорез, Бобан Илиоски со Данило Ракитиќ од Србија и Марија Божиноска со Марта Липка од Полска.

„Шансите за пласман во финале се големи , а очекувањата исто така“, констатираат од стручниот штаб на репрезентацијата.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО