Ракиќ со најдобар пласман во историјата, Волкановски петти борец во светот, Хабиб е неприкосновен

По УФЦ 259, Александар Ракиќ скокна на второто место на ранг-листата на предизвикувачи во полутешка категорија. Српскиот борец со австриски пасош минатиот викенд го победи поранешниот предизвикувач Тијаго Сантос и стигна до најдобриот пласман во кариерата. Пред него се само Бразилецот Гловер Тешеира и актуелниот шампион Јан Блахович од Полска.

Израел Адесања падна на шестото место на ранг-листата „паунд фор паунд “ по поразот од Блахович. Тоа е за три места послабо од претходниот поредок, додека полскиот борец напредуваше за дури шест места и сега е осми.

Прв, сепаке  Хабиб Нурмагомедов пред Џон Џонс, а го следат Камара Усман, Стипе Миочиќ и Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Меѓу 15-те најдобри борци Алџмеин Стерлинг за прв пат влезе како шампион во бантам категорија по дисквалификацијата на Пјотр Јан. Јамајканецот го собори поранешниот двоен шампион Конор Мек Грегор од 15-то место.

Проверете ја новата ранг-листа на УФЦ ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО