Дуелот Роуз Намахунас и Вејли Жанг е на 24 април

Шампионката во слама категорија, Вeјли Жанг, ќе ја брани титулата против поранешната шампионка Роуз Намахунас на УФЦ 261 на 24 април.

Жанг моментално е во импресивна серија од 21 победа, со единствениот пораз од 2013 година. Од дебито во УФЦ во 2018 година, таа има 8 последователни победи.

Последен пат Намахунас се бореше на УФЦ 251 во јули 2020 година, при што се реваншира на Џесика Андраде, која ја нокаутира 11 месеци претходно.

Главниот настан на УФЦ 261 е помеѓу шампионката во мува категорија, Валентина Шевченко и Андраде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО