Рајан Бадер: Немков не е познат, но е опасен борец

Рајан Бадер (27-5 ММА, 5-0 БММА), кој е двократен шампион во Белатор, ќе ја брани титулата против опасниот ривал Вадим Немков (11-2 ММА, 4-0 БММА). Тие ќе се борат во главната борба на Белатор 242, што ќе се одржи на 9 мај во Сан Хозе, Калифорнија. Многумина не го познаваат Немков, но тој не е случаен и е штитеник на легендарниот Федор Емелијаненко.

„Дарт“ нема да го потцени противникот, кој е во серија од 6 директни победи, од кои пет се со завршница. Вадим нема пораз во Белатор и во последните мечеви ги совлада поранешните шампиони. Доволно е, за Бадер да го сфати сериозно, иако повеќето навивачи не го познаваат младиот Русин.

„Луѓето не го познаваат, и ако изгубите против борец како него, тогаш сите ќе се прашуваат кој е Немков. Фановите не сфаќаат колку е навистина добар. Немков порази тројца поранешни шампиони во последните средби и јас сум возбуден поради оваа битка, затоа што се борев со најдобрите и најстрасните љубители на ММА кои го познаваат ова момче.

Тој е следната голема работа во категоријата, но морам да излезам и да го победам, за да покажам дека сè уште сум тука, а, сепак, тој ќе мора да работи затоа што сега е моето време. Должен сум да останам на неколку мечеви во полутешка категорија, а потоа да се вратам кај тешкашите. Треба да разговараме со Скот за да видам што се случува. Сега ја имам оваа борба со ова младо момче кое е штитеник на Федор и кое порази тројца поранешни шампиони во последните три дуели, па со нетрпение ја очекувам“, рече Рајан Бадер за битката со Немков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО