Рајан Бадер: Да го победиш Федор во финалето на турнирот е како сценарио од бајките!

Рајан Бадер ќе го направи последниот четвртфинален меч на турнирот на Белатор, кога во мај ќе се сретне со Мухамед Ло. Се разбира, себе се гледа како конечен победник на турнирот, а изнесе и совршено сценарио за да дојде до тоа.

Битката на Бадер и Кралот Мо е закажана за 12 мај, а победникот од тој дуел во полуфиналето ќе се бори против Мет Митрион. По повод она што го очекува, Бадер нафрли нешто, кој, по многумина, е првиот фаворит на турнирот, иако ќе дебитира меѓу тешкашите на високо ниво. Тој гледа совршено сценарио за неговото доаѓање до титулата, со што би станал шампион на Белатор во двете најсилни категории.

„Кога би можел да бирам против кого би сакал да се борам во финалето, тоа секако би бил Федор, мислам дека тој би бил изборот на сите борци на овој турнир. Тој е легенда на овој спорт и би било неверојатно да се земе титулата со победа над него. Всушност, тоа ултимативно сценарио од бајките. Но, за секој борец гледам шанса да дојде до финалето, па дури и за Каел Сонен“, рече Бадер, кој до титулата во полутешка категорија дојде минатото лето победувајќи го Фил Дејвис.

Верува дека ниту нему ниту на Федор нема да биде лесно, односно треба да поминат интересен пат за да дојде со меѓусебна борба. Доколку идниот месец го совлада Френк Мир, на легендарниот Русин му следи Каел Сонен.

„Секој од нив носи некој свој единствен квалитет. Федор го има сето она што го носи со себе, некаква мистичност, но бидете подготвени на јазикот на Каел, кој ќе изгради добра борба ако дојде до неа. Забавна борба би било тоа, а Сонен е еден од оние момци против кои отсекогаш сум сакал да се борам. Френк Мир исто така е борец со одлични вештини кој би сакал да го тестирам против себе. Но, мојата работа е да ги одработам сопствените победи и во моментов се фокусирам на тоа“.

Досега Сонен и Митрион го обезбедија своето место во полуфиналето, а по се до сега мора да се каже дека Беллатор апсолутно ја оправда одлуката да го организира овој турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО