Александар Ацевски и Гочо Гочев разговараа за Регионална џиу-џицу лига (ФОТО)

Претседателот на Македонската џиу џица федерација (МЏЏФ), Александар Ацевски, имаше работен состанок со бугарскиот колега Гочо Гочев.

Ацевски нагласува дека е разговарано за унапредување на џиу џицуто преку посета на семинари и турнири, помош при организација на Меѓународен турнир во Димитровград во септември или октомври оваа година (се бара датум).

Како една од поважните теми на состанкот била формирањето на „Регионална џу – џицу лига“ во која би влегле екипи од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО