Џозеф Паркер е подготвен за Ентони Џошуа

Овој викенд ќе бидеме сведоци на судирот во тешка категорија помеѓу шампионите Ентони Џошуа, кој ќе ги брани своите титули во ВБА и ИБФ, и Џозеф Паркер кој ќе го заложи ВБО појасот.

Паркер за големата средба се подготвува во салата на Дејвид Хеј, верува дека веќе е подготвен да му го нанесе првиот пораз на Џошуа во целата негова кариера.

„Јас сум потполно подготвен – се чувствувам добро, целосно подготвен“.

„Имав неверојатен камп и завршивме одлична работа. Во салата на Дејвид Хеј ги продолживме подготовките – се хранев добро, здраво, се наспивав. Веќе сме фит“

„Ќе го поддржиме она што го постигнавме во последната недела, а нема да се опуштаме пред средбата на 31 март“.

Иако Џошуа има предност како домаќин, Новџеландецот Паркер нема намера да ги изнвери своите навивачи.

„Знам каква поддршка имам, не само пораки, туку и видеа – луѓето прават хаштази во моја чест“.

“Во Нов Зеланд и Самоа сите ме поддржуваат … Неверојатно чувство. Да имам толку луѓе позади себе, изразувајќи ја својата љубов и сакаат да го дадам најдоброто од себе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО