Рафела Силва го освои првото олимписко злато за Бразил, а Оно го прекина постот на Јапонците

rafaela Silva Brazil

Натпреварувачката во џудо, Рафаела Силва, и ја донесе првата титула на Бразил на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

24-годишната Силва триумфираше во категоријата до 57 килограми на турнирот во џудо, откако во финалето ја победи фаворитката Сумија Дорсурен (Монголија) со вазари.

Пред три години во Рио Силва ја освои светската титула во оваа категорија. Во полуфиналето Бразилката ја совлада Романката Корина Каприору. Телма Монтеиро од Португалија и Каори Мацумото од Јапонија ги освоија бронзените медали.

– 57 кг

  1. Рафаела Силва (Бразил)
  2. Износите Дорсурен (Монголија)
  3. Телма Монтейро (Португалија) и Каори Мацумото (Јапонија)

Ono dzudo sampion LOI

Јапонецот Сохеј Оно го освои златниот медал во категоријата до 73 килограми.

Инаку тој е двократен светски шампион од 2013 и 2015 година, кој во финалето ма ОИ во Рио го победи светскиот џудист број еден според ИЏФ, Рустам Оруџов (Азербејџан). Јапонецот славеше со ипон по 3:15 минути на средбата. Оно и го донесе првиот медал на Јапонија во џудо во Рио. Пред четири години во Лондон, Јапонците кој доминираа во овој спорт, не освоија ниту еден медал.

Оруџов, пак, го освои првиот медал за својата земја од Олимпијадата во Рио и вкупно трети во историјата во овој спорт. Бронзени медали освоија Лаша Шавдатуашвили (Грузија) и Дирк ван Тихелт (Белгија).

– 73 килограми

  1. Сохеј Оно (Јапонија)
  2. Рустам Оруджов (Азербејџан)
  3. Лаша Шавдатуашвили (Грузија) и Дирк ван Тихелт (Белгија)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО