Пуликсенија Јованоска пред историски успех на ЕП-ќе се бори за бронза

Puliksenija

Пуликсенија Јованоска одлично го отвори Европското првенство за сениори во Монпелје-Франција, остварувајќи три победи во изведбата на кати во поединечна конкуренција, а во недела во репасажот ќе се бори за бронзениот медал со Италијанката Вивијана Ботаро.

Ако го освои бронзениот медал, тоа ќе биде најголемиот успех на еден македонски натпреварувач на Европските првенства и Светските во поединечна конкуренција во кати.

Најпрво ја совлада Лина Ваглунд ос Шведска со 4-1, со истиот резултат славеше и против марија Фурсава од Белорусија, а против Вероника Мишкова од Чешка победи со 3-2. Во клучниот меч за влез во големото финале е поразена од ШпанкатаСандра Санчез со 5-0.

Во репасажот ќе се бори за бронзениот медал со Италијанката Вивијана Ботаро.

Во финалето ќе се сретнат Санчез и Санди Скордо од Франција.

Ферри Исиќ во првото коло го победи Никлас Турунен од Финска со 4-1, а во второто е поразен од Лукаш Јанда од Чешка со 5-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON