Арсовски, Смаилагиќ, Келебиќ и Стефановска може да се борат за бронзи на Европскиот шампионат

Nenad Kelebik so Jovan i Enes na Lasko 2016

Жарко Аросвски, Енес Смаилагиќ, Ненад Келебиќ и Наташа Стефановска имаат шнаси да се борат за бронзените медали во своите категории на Европското карате првенство во Монпелје-Франција, ако извојуваат по една победа во репасажот, нредната е за медал.

Zarko Arsovski

Жарко Арсовски во категоријата над 84 килограми во првото коло го победи со 4-1 Филип Карлсен од Данска, во второто коло го совлада Дарнел Ларди од Холандија 1-0, а во третото налета на германскиот ас Јонатан Хорне и загуби со 5-0. Но, преку репасажот има шанса да се бори за бронзениот медал, бидејќи Хорне се пласира во финалето, каде што ќе се бори со Енес Еркан од Турција.

И Енес Смаилагиќ (-75 кг) стартуваше со две победи против Мартин Федор (Словачка) и Џианис Марушевич (Белорусија) 5-0 и 4-1, а во полуфиналето се сретна со Ертан Елетемур од Турција од кого загуби со 2-0, но бидејќи тој се пласира во финалето, каде што ќе се сретне со Рафаел Агаев од Азербејџан, нашиот репрезентативец има шанса преку репасажот да дојде до бронзениот медал. Можен противник за медалот е Рене Смал од Холандија.

Ненад Келебиќ (-67 кг) е поразен со 3-0 од Стевен Дакоста од Франција, но поради тоа што Французинот се пласира во финалето и ќе се бори со Србинот Стефан Јоксиќ, преку репасажот може да се бори за бронзениот медал, но со повеќе борби за разлика од Арсовски и Самилагиќ.

Берат Јукпи (-84 кг) вопрвиот настап е совладан од Црногорецот Љубиша Михаиловиќ со 2-1.

Драгана Тодорова (+68 кг) е поразена од Августина Сулијану од Кипар со 3-0. А Ивана Цомагиќ (Србија) беше подобра од Моника Стефановска (-68 кг) 5-0, додека Симона Заборска  (-55 кг) беше поразена со 2-0 од Викторија Семаникова од Словачка.

Natasa Setfanovska vo Salzburg 2016

Наташа Стефановска (-61 кг) прикажа најмногу во женска конкуренција, бидејќи прво ја совлада Италијанката Лаура Паскваја со 4-1, па Унгарката Никола Барта 1-0, а на патот до успехот и се испречи и најдобрата во оваа категорија, Луси Игнас од Франција, од која беше поразена со минимален резултат од 1-0. Игнас во финалето ќе се бори со Ана Ленард од Хрватска, а нашата каратистка преку репасажот има шанса за бронзениот медал.

Да потсетиме дека Пуликсенија Јованоска во кати претпеладне се избори за меч за бронзен медал со Италијанката Вивијана Ботаро. Таа ги совлада Лина Ваглунд од Шведска со 4-1, Марија Фурсава од Белорусија 4-1, Вероника Мишкова од Чешка 3-2. Во клучниот меч за влез во големото финале е поразена од ШпанкатаСандра Санчез со 5-0.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО