Павлов и Стeфановска се придружија на Јованоска во борбата за бронзи на Европското првенство

Emil profil vo Salzburg

Поранешниот европски првак, Емил Павлов (- 60 кг) ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство Калвис Калнинс од Летонија, по победата над Софијан Агуџил од Франција со 2-0 во репасажот. Павлов е самиот виновен што во четвртфиналето загуби од Турчнот Ајкут Каја со 5-3, иако пред карјот водеше со 3-1, кога веќе сите го видоа во полуфиналето тој ја загуби борбата.

Natasa Stefanovska vo akcija

Инаку во првите две кола Павлов беше убедлив победувајќи ги Емил Јанчу од Романија 8-0 и Павел Пучиловски од Полска 9-1. Поради тоа што Ајкут Каја се пласира во финалето на нашиот каратист му се даде шанса преку репасажот да се бори за бронзениот медал.

Од читирите каратисти кои преку репасажот ја бараа можноста за бронзен медал само Наташа Стефановска успеа да се избори за борба за бронза, бидејќи во репасажот ја совлада Швајцарката Рамона Бридерлин со 1-0. За бронзен медал ќе се сретне со Србинката Јована Прековиќ. Наташа за белажа победи против Италијанката Лаура Пасква 4-1, Унгарката Никола Барта 1-0, а загуби од финалистката Луси Игнас од Франција со 0-1.

Сара Радичевска загуби уште на стартот од Нурана Алиева од Азербејџан со 0-2.

Претходно, Пуликсенија Јованоска исто така се избори за мало финале. Жарко Арсовски (над 84 кг), по две победи загуби од Германецот Јонатан Хорне, а во репасажот беше поразен од Гркот Спирос Маргаритопулос со 0-4.

Енес Смаилагиќ (-75 кг) во репасажот загуби од Бугаринот Виктор Петков со 0-1 и не доби можност да с ебори за третото местоп. Тој ги победи Мартин Федор (Словачка) со 5-0 и Џанис Марушевич (Белорусија) со 4-1. Од Ертан Елтемур -Турција е поразен 0-2..

Ненад Келебиќ (- 67 кг) кој беше поразен од Стивен Дакоста од Франција 0-3 во првото коло, поради тоа штоп Дакоста се пласира во финалето, отиде директно во репасажот, но загуби со минимален резулта од Нијази Алиев од Азербејџан 0-1.

Претходно, Пуликсенија Јованоска во кати се избори да се бори за бронзениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО