Пулев: Проблемот на Чисора е што сум послилен од него!

kubrat-pulev-venec

Кубрат Пулев, кој ќе се сретне со Британецот Дерек Чисора за испразнетата европска титула во блиска иднина, го анализираше противникот за Боксинг њус, истакнувајќи дека негова голема цел е да стане светски шампион во тешка категорија.

„Нема како да го победиш светскиот шампион без соодветна одбрана. По поразот од Кличко научив дека треба да останеш фокусиран и на штрек, а не премногу да си уверен, само затоа што сите си ги уништил на спарингувањето. Мојот прв натпревар по поразот беше малку незгоден, бидејќи се вратив по долго отсуство и бев со нов тим во мојот агол. Но веќе видовте, во вториот меч под водство на Ули Вегнер, дека работите веќе се движат во вистинската насока, кон средбата за титулата. Постои само една цел: да станам светски шампион во тешка категорија“.

 “Јас се уште немам потврда за овој меч. За мене не е толку важно да се борам токму против Чисора, и, повторно, да ја освојам европската титула. Ова ќе биде добар тест пред уште еден чекор кон светската титула. Ако го организира Зауерландс, јас ќе бидам среќен да го победам Чисора. Тој има лоша техника и не располага со најбрз удар. Сепак, знае како да направи притисок врз противникот и како да ја користи силата. Неговиот проблем е тоа што сум посилен од него! Совршенството на ударите е клучот за да го победам и јас сум убеден дека ќе го направам тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО