Кубрат Пулев (27-1, 14 КО) во Коста Меса, Калифорнија прв пат боксираше во Америка.
37-годишниот Бугарин во мечот во кој многу работи се случуваа во седмата рунда го нокаутира Богдан Дину (18-2, 14 КО), кого го победи во 2007 година во аматерска конкуренција.
Романецот во четвртата рунда со удари му направи голема исеченица над левото око на Пулев, што му предизвика големи проблеми на него и неговиот тренер Руди Хернандез.
Сепак, лекарите му дозволија на Бугаринот да ја продолжи борбата.
Во седмата рунда Пулев со серија удари го испрати противникот на подо, но и упати еден повеќе додека Дину беше долу. Наместо дисквалификација, судијата ја реши ситуацијата така што му одзеде поен на Пулев за недоволен удар и му даде време на Романецот да се опорави, но и го призна нокдаунот.
Пулев немаше намера да го пушти противникот и го соборуваше уште два пати пред да го заврши.
На Дину ова му е втор последователен пораз. Во ноември го нокаутира Џарел Милер.
Пулев е задолжителен предизвикувач на ИБФ шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа.
Промоторот на Бугаринот, Боб Арум, рече дека ќе го форсира Пулев да биде следниот противник на Британецот или противник на Џарел Милер, ако на 1 јуни во Њујорк успее да го изненади Џошуа.
https://www.youtube.com/watch?v=BGZLa3AsPnY
https://twitter.com/trboxing/status/1109669697656512514?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1109669697656512514&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fnews%2Fvideo-pulev-izborio-dramaticnu-pobjedu-u-americkom-debiju%2F23468.aspx
.