Меѓународна сценаММА

Пукотници во сала на ММА турнир, публиката во паника (ВИДЕО)

Среде аматерски ММА турнир во Палм Бич, Флорида, маж извадил пиштол и пукал во таванот на салата.

На престрелките им претходела расправија помеѓу неколку мажи. Еден од нив земал стол и го фрлил меѓу насобраните гледачи. Обезбедувањето пристигнало, а спикерот во салата ја смирил публиката. Во тој момент, човекот што го фрлил столот извадил пиштол и пукал во таванот.

Настанал хаос, а гледачите биле во паника. Се слушнале врисоци и луѓето избегале од салата. Наскоро пристигнала и полиција.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON