Васо Бакочевиќ има причина за славење по синоќешниот ме во Карлсруе-Германија.
Најпознатиот црногорски борец синоќа го направи својот јубилеен 50-ти професионален меч и ја постигна најбрзата победа во својата кариера.
„Психопатот“ до шестиот триумф во низа стигна само за шест секунди во дуелот со дебитантот Башир Гиријанов. Веднаш по завршувањето на средбата, Бакочевиќ ги изнесе впечатоците и патем остави порака на својот следен противник, Живко Стоименов, со кого ќе се бори за еден месец на настанот на промоцијата Мегдан.
„Победа со нокаут во првата рунда по 6-7 секунди. Ви благодарам на сите за поддршката, се надевам дека противникот е во ред и без пореда… 26 април, Мегдан … Стоименов, ти си мртов човек, запамти што ти реков“, галсеше објавата на Васо на Фејсбук, а другиот дел од неговиот коментар е во видеото со нокаутот.
Ipon.mk