Хамза Јашари е број 1 џудист на ранг листата за Младинските Олимписки игри

Хамза Јашари е број еден на ранг листата на Европската џудо унија во квалификациите за малдинските Олимписки игри во Буенос Аирес-Аргтентина,  ова лето во категоријата до 66 килограми.

Да потсетиме дека Хамза Јашари во рок од три месеци освои два златни и еден сребрен медал од Европските џудо купови за кадети. Нешто, што одамана, или воопшто, не му се случило на македонското џудо.

„Влогот од редовните тренинзи и посветеноста излегуваат на површина. Се чувствувам одлично на татамите и со нетрпение ја очекувам секоја наредна борба. За одличните резултати заслужни се моите спаринг партнери и тимот кој работи со мене, мојот тренер Игор Паскоски и ИЏФ експертот Габриел Сапта. Имам голема поддршка од семејството, мојот клуб Миоки и, секако, Џудо федерацијата на Македонија“, изјави неодамна Хамза Јашари за Ипон.мк.

Засега Хамза Јашари и Анамарија Георгиевска (такевондо) се најсериозни (сигурни) претенденти за учество на Олимписките игри за младинци, а веруваме дека на нив ќе им се приклучат и каратистите кои треба да ги почнат квалификациите за Арегнтина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО