Бошко Заборски: Симона покажа психолошка зрелост и желба да го освои златниот медал!

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, се осврна на штотуку завршеното Балканско првенство за сениори-ки, при што каратистките на Макпетрол успеаја да освојат два медала, еден златен и еден бронзен.

Македонската репрезентативка Симона Заборска го освои златниот медал на ова Балканско првенство во категоријата -55 кг. Патот до медалот во елиминацискиот дел беше со постигнати три победи и тоа над:

-55 кг
Симона Заборска – Анџела Солдо (БиХ) 3-1
Симона Заборска – Дугче Демиш (Турција) 2-1
Симона Заборска – Јована Георгиева 2-1

Финале
Симона Заборска – Ана Драшковиќ (Црна Гора) 5-1

„Во Финалната борба Симона Заборска не дозволи никакво изненадување и продолжи да биде супериорна во комплетното однесување. Иако таа во три натпревари на почетокот имаше неповолен резултат од 0-1, во сите три борби успеваше да направи резултатски песврт во своја корист и овој пат покажа вистинска психолошка зрелост и решеност да го освои медалот. Таа во финалната борба ја совлада искусната и прекалена црногорска репрезентативка Ана Драшковиќ со резултат 5-1. Успеа да го освои златниот медал и да стана балканска шампионка. Треба да споменеме дека на ова балканско првенство Симона Заборска имаше трето по ред финале во сениорска конкуренција во истата тежинска категорија. Изминатите години таа беше поразувана и имаше титула на балканска вицешампионка, еве оваа година за прв пат тоа се смени и успеа да се качи и на највисокото скалило и да се закити со златниот медал. Освојувањето на овој медал е во вистински момент, поточно, еден месец пред почетокот на Европското првенство за сениори-ки, кое треба да с одржи во Нови Сад, Србија во месец мај. Се надеваме дека овој успех во голема мерка ќе ја покачи самодовербата кај нашата каратистка и таа ќе биде успешна и на ова европско првенство“, изјави Заборски

Наташа Стефановска, исто така имаше одличен настап на ова првенство, таа за жал во полуфиналната борба со бугарската спортистка на 5 секунди до крајот загуби поен и финалето кое и беше на дофат, наеднаш стана недостижно. Наташа полуфиналната борба ја загуби со минимален резултат 0-1, потоа во репасажната борба за медал успеа да ја победи повеќекратната европска медалистка Јелена Максимовиќ од Црна Гора, и го освои бронзениот медал.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО