Прво соочување на Федор и Мир, но и на останатите учесници на тешкашкиот турнир на Белатор (ВИДЕО)

Синоќа во Лос Анџелес се соочија учесниците на првото коло на турнирот во тешка категорија на Белатор кој стартува вечерва со борбата меѓу Каел Сонен и Квинтон Џексон.

Сонен и Ремпејџ веќе неколкупати се соочија, а како изгледаат пред вечерашната средба можеше да се види на мерењето од кое поранешниот шампион на УФЦ излезе како 14,5 килограми потежок борец.

Преостанатите парови на овој интересен турнир се Мет Митрион и Рој Нелсон (16 февруари), Федор Емелијаненко и Френк Мир (во април) и Рајан Бадер и Мухамед Лоал (мај). Тие, пак, синоќа во хотелот „Шератон гетвеј“ за прв пат се гледаа лиц в лице.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО