Прво место за Дмитри Џокоски на „Младост Европе“ во Ниш

Димитри Џокоски (-60 кг, помлади пионери) Џудо клубот Сеишин го освои првото место на Меѓународниот турнир „Младост Европе 2019“ во Ниш, Србија, изминатиов викенд.

На турнирот учествуваа вкупно 38 клубови од 5 држави со околу 360 натпреварувачи. Единствен претставник од нашата држава беше Сеишин.

Сеишин настапи и на Државните првенства за помлади пионери и јуниори во Кавадараци и освои вкупно 19 медали ( 5 златни, 7 сребрени и 7 бронзени). Но за тоа во целосниот извештај од Државните првенства.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО