Прв случај на коронавирус во УФЦ (ВИДЕО)

Прв случај на заразен со коронавирус во УФЦ. Тоа е натпреварувачот во средна категорија Лиман Гуд кој откри дека има позитивен тест на Ковид-19 и тоа е вистинската причина да се откаже борбата со Белал Мухамед на пропаднатиот настан УФЦ 249, што требаше да се одржи на 18 април во Бруклин.

Првично беше објавено дека Гуд се откажал од борбата поради повреда, но сега борецот му кажал на ЕСПН дека кога дознал за заразата се самоизолирал.

„Иако реков дека станува збор за повреда, вистината е дека имам позитивен тест на Ковид-19“, рече Гуд, додавајќи дека првично мислел оти настинал. И неговата девојка се заразила со коронавирусот, но оздравела.

34-годишниот Худ не е хоспитализиран и според неговите зборови веќе се чувствува 100 отсто здрав и целосно излечен. Неговата одлука да ја скрие вистината беше диктирана од желбата да не поттикнува понатаму страв и паника во општеството.

Лиман Гуд живее во Њуџерси и тренира во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО