Абделазиз: УФЦ сака Хабиб да се бори во Абу Даби во септември

Хабиб Нурмагомедов требаше да се бори против Тони Фергусон минатиот викенд, но коронавирусот го натера да се повлече. „Орелот“ по трет пат се повлече од битката со Тони Фергусон, кој пропадна цели пет пати. УФЦ продолжи без него, а сега велат дека Фергусон ќе се бори против Џастин Гејџи за привремената титула во лесна категорија. Победникот од мечот ќе се бори против Нурмагомедов за обединување на титулите во август или септември.

Тоа значи дека Хабиб ќе биде аут во наредните месеци и ќе помине една година од неговата последна борба. Нурмагомедов последен пат ја одбрани титулата со победа над Дастин Поирер минатиот септември во Абу Даби. Сега Али Абделазиз верува дека УФЦ ќе сака Хабиб повторно да го предводи настанот во емиратот, каде има многу обожаватели.

„Мислам дека може да се врати во август. Хабиб ми рече дека УФЦ планира настан во Сан Франциско во август. Мислам дека беше на 1 август. Тој може да се бори таму, нема проблем. Сепак, како што знам, секогаш ќе има настан во септември во Абу Даби. Сигурен сум дека УФЦ сака тој да се бори во Абу Даби“, рече Абделазиз во интервју.

https://www.instagram.com/p/B-4nXDHl7F3/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО