Проводников овој месец може да се повлече од боксот

Ruslan Provodnikov se stega

Поранешниот светски шампион во бокс во суперлесна категорија, Руслан Прводников, може да се повлече од боксот. Причината за тоа е поразот од Џон Молина.

Менаџерот на Русинот, Арти Пелуло соопшти дека ќе разговора со боксерот на 25 јули во Лас Вегас.

„Ќе се сретнеме со Руслан и ќе разговараме за неговата иднина. Ако тој одлучи да престане со борбите, ќе го разберам – она што го има постигнато, не е малку.

Со него ќе разговараме за сите варијанти. Ако не сака да се бори, може да прави нешто различно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО