Протекоа голи фотогрфаии од поранешната шампионка на УФЦ

Поранешната УФЦ-шампионка, Џесика Андраде, вели дека донела одлука да отвори профил на „Онлифанс“ откога се појавиле нејзини разголени фотографии онлајн и дека со помош на оваа интернет-страница, кој често се користи за порнографија, ги покрила своите трошоци за тренинзи и тоа ѝ дозволило да се пресели во Лас Вегас.

Бразилката, која е поранешна шампионка во сламка-категорија, која загуби од Валентино Шевченко во последниот меч во април, вели дека наместо да се срами од фотографиите, решила да се мотивира.

„Ги исплатив ратите за мојот автомобил и платив кирија за шест-седум месеци однапред во Лас Вегас. Не сум потрошила ништо од парите што ги заработив за последниот меч. Ги платив сметките во Бразил, им помогнав на моето семејство и на мојата сопруга Фернанда со тие пари. Луѓето мислат дека „Онлифанс“ е само порнографија, но не е само тоа. Тоа е платформа да си го покажеш секојдневието и јас сум многу задоволна“, вели Андраде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО