Непознати сторители ги демолираре канцеларијата и салата на БК Шкендија од Тетово, притоа се украдени неколку боксерски вреќи, справите за фитнес, а е уништен и рингот.
„За комплетирање на адекватните справи за тренинг ни беа потребни пет години, а вандалите тоа го срушија за само еден ден. Го осудуваме овој чин на вандализам и се надеваме дека нема да се повтори, поради тоа што во таа сала учеле, учат и ќе учат вашите синови или вашите браќа“, велат од БК Шкендија по повод немилиот настан.
Ipon.mk/В. Д.