Пронајдено е телото на Марк де Бонте

mark-de-bonte-telo

По повеќе од две недели потрага пронајдено е телото на Марк де Бонте.

Поранешниот светски шампион на Глори исчезна во ноќта меѓу 4 и 5 ноември кога од Белгија се упати кон Холандија кај девојките, по што му се губи секоја трага. Полицијата го нашла неговиот напуштен автомобил во градот Брест, каде што живее девојката.

Попладнево во каналот Вилхемин во холандскиот град Оиршот, оддалечен неколку километри од Брест, човек од брод забележал безживотно тело во водата и ја повикал полицијата. Излезе дека тоа е телото на 26-годишниот Белгиец.

Марк де Бонте е роден на 27 февруари 1990 година, а 2014 година стана шампион на Глори во полусредна категорија со победата против Карапет Карапетјан. Титулата ја згуби во првата одбрана против Џо Валтелини. Одработи е десет борби во професионалниот бокс забележувајќи 8 победи и 2 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО