МОК и 25 национални спорстки федерации прават стратешки план 2020-2024

mok-kompilacija

Mакедонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со Националните спортски федерации (НСФ-ии), целосно почитувајќи ја нивната автономија и незвисност, одржаа повеќе состаноци во насока на изработка на заеднички таргетиран стратешки план за циклусите 2020 и 2024, со одредување на заедничките приоритетни програми, подигнувајќи го притоа и нивото на работа на целокупниот Олимписки и спортски систем во Македонија, во насока на остварување на многу подобри спортски резултати на македонските спортисти и репрезентации.

За таа цел, до 25 (дваесет и пет) Национални спортски федерации, МОК испрати допис за пошироко скенирање на моменталната состојбата во соодветниот спорт на кој одговорија 23 (дваесет и три) НСФ-ии со кој беше одржан состанок на кој беа договорени приоритетите за работа како и областите во кои МОК ќе може приоритетно да им помогне на овие НСФ-ии. МОК веќе започна со обезбедувањето на директната помош која веќе започна да се доставува до НСФ-ии веднаш по завршувањето на средбите, а на состанокот секоја НСФ доби од МОК донација односно лап топ на кој ќе можат да ги изработат соодветните планови и програми, а потоа и истите, со помош на МОК да ги реализираат.

Директната и конкретна соработка е веќе во фаза на реализација со НСФ-ии од соодветните спортови џудо, одбојка, карате, веслање, едрење, велосипедизам, триатлон, кошарка, ракомет, таеквондо, атлетика, борење, бадминтон, коњички спортови, гимнастика, мачевалство, алпско скијање, крос кантри и биатлон, лизгачки спортови, а следат дополнителни секојдневни консултации и средби за реализација на помошта која МОК ја обезбедува веќе подолго време за најдобрите македонски спортисти, репрезентации и НСФ-ии.

Овој план, секако ќе биде изготвен, консултиран и координиран со претставниците на државата, Агенцијата за млади и спорт, општините, приватниот сектор, високо образовните институции, меѓународните спортски федерации, Меѓународниот олимписки комитет, медиумите и другите фактори кои имаат влијание врз постигнувањето на високите спортски резултати на спортистите и националните репрезентации од Република Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО