Промоторот на Усик ја откри причината зашто Тајсон Фјури се мачеше против Френсис Нгану

Поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану зад себе има два професионални бокс меча, минатиот октомври загуби со поделена одлука од Тајсон Фјури, а неодамна Ентони Џошуа брутално го нокаутира во втората рунда.

Промоторот на Усик, Александар Красјук, смета дека Тајсон Фјури го потценил Френсис Нгану и воопшто не се подготвил за таа борба.

Кралот на Ромите сега е пред многу поголем предизвик, бидејќи на 18 мај ќе се бори со Александар Усик за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.

Красјук истакнува дека Фјури немал подготвителен камп, бидејќи не ја сфатил сериозно борбата. Но сега е друга приказна и Џипси Кинг ќе биде максимално фокусиран на најважниот меч во кариерата.

„Сигурен сум дека Фјури воопшто не тренираше за борбата против Нгану, додека Еј Џеј добро се подготви“, рече Александар Красјук и продолжи:

„Но, тешко е да се процени вистинското ниво на перформанси на двајцата боксери против Нгану. Одговор на тоа прашање може да даде само пресметката меѓу Фјури и Џошуа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО