Промоторот на Фјури: Усик не би можел да ги издржи ударите на Жанг

Во два меча Жилеј Жанг докажа дека е подобар боксер од Џо Џојс. Во април, кинескиот боксер го победи со прекин во шестата рунда Џојс, а во неодамнешниот реванш  Жанг брутално го нокаутира во третата рунда.

Со таа победа Биг Бенг го одбрани привремениот шампионски појас на ВБО и се приклучи во редовите на потенцијалните предизвикувачи на Александар Усик, кој покрај појасите на ВБА (Супер) и ИБФ, ја има и титулата шампион на ВБО.

Промоторот на Фјури, Френк Ворен, верува дека Кинезот ќе има предност во потенцијалната борба за светска титула против шампионот Усик.

„За мене Жанг е фаворит на натпреварот против Усик. Тој е голем човек. Усик е добар борец, а Дубоа му даде тежок меч и ја откри неговата слабост“, рече Френк Ворен и додаде:

„Сите го видоа, Дубоа го докажа она што ние, кои се занимаваме со оваа работа, го знаеме цело време. Големи проблеми на Усик предизвикуваат удари во телото, а тоа е многупати докажано. Не би можел да ги издржи ударите на Жанг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО