Промоторот на Џошуа сака Еј Џеј да има уште еден меч пред борбата со Вајлдер

Поранешниот светски шампион во бокс Ентони Џошуа неодамна го победи Џермејн Френклин во не особено убедлив настап.

Но, тој настап беше особено важен за Британецот доколку сака да се врати на врвот во тешка категорија.

Имено, по двата порази од Aлександaр Усик, на Еј Џеј му се разниша самодовербата, кој сака да се врати на победничкиот колосек. Првиот чекор го направи со триумф над Американецот.

Но, набргу по победата на социјалните мрежи изјави дека ќе се врати во рингот дури на крајот на годината, иако неговиот промотор Еди Херн неколку пати повтори дека Ентони ќе има најмалку три борби во 2023 година.

И Херн во својата последна изјава навести дека Џошуа може да се види во рингот порано.

Имено, многу се зборува за мечот меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, а Еди Херн сака да му приреди уште една борба на својот боксер пред тој меч, најверојатно против Дилиен Вајт.

„Мислам дека на Дилиен Вајт ќе му понудиме меч против Ентони Џошуа во јули. УФЦ го резервира својот настан за 22 јули, па ќе се обидеме да го одржиме настанот на 29 јули или една недела подоцна – изјави Еди Херн и се осврна на суперборбата што би се одржала во декември, а како можни противници се споменуват прво Вајлдер, а потоа и Фјури.

Ентони Џошуа има ексклузивен договор со ДАЗН, но беше возбуден од идејата да се бори со Дионтеј Вајлдер. Но, не би имал ништо против меч со Тајсон Фјури. Следат разговорите за големиот настам кој треба да се одржи во декември, Џошуа против Вајлдер, Фјури против Усик.

А Вајлдер во едно интервју во неделата рече дека Џошуа би можел да биде неговиот следен противник.

„Имам неколку комбинации, а една од нив е борбата против Џошуа. Мечот против АЈ е меч од соништата и секој би сакал да го гледа. Но, знам дека ниту една борба не ми е лесна. Му посакувам се најдобро и само нека тренира“, изјави Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО